За нас

pocetna-1

      „Миском“ постои од 1992 година, и на наше задоволство, и на задоволство на нашите купувачи и оваа година според податоците во Централен Регистар на Р.М. сме рангирани меѓу 200-те најуспешни компании во Македонија, а во дејноста производство на брановиден картон и картонска амбалажа сме најуспешна компанија.
Ова признание е резултат единствено на нашата посветеност, секогаш гарантиран квалитет и навремена испорака, резултат на неуморното исполнување на нашата цел: нашиот купувач да има сигурен и стабилен партнер, кој ќе го следи на патот кон успехот.

⦁    Сопствена линија за производство на брановиден картон,
⦁ Комплетна опрема за изработка на картонска амбалажа согласно барањата на купувачите,
⦁    15.000 тони годишен капацитет
⦁ Залиха на суровини која континуирано се одржува и надополнува,
⦁    Хартија која се набавува од две компании со светско реноме во производството на хартија (поради што можеме да гарантираме сигурност и секогаш стандарден квалитет),
⦁    Експертиза во подготовката на нови модели и дизајни,
⦁    Специјализирани за автоматско пакување,
⦁    Можност за флексо печатање до 4 бои,
⦁  Тим кој професионално и одговорно ги спроведува Вашите барања за картонска амбалажа

се причините поради кои компании од Македонија (60% од нашето производство и продажба), но и од соседните земји: Албанија, Косово и Грција (40% од нашето производство и продажба) се наши купувачи.

 

Произведуваме :

⦁ брановиден картон 2-слоен, 3-слоен, 4-слоен и 5-слоен со различни димензии, граматури и квалитети, како и различни висини на бранот (E бран = 1.6mm; Б бран = 3.2mm; Ц бран = 3.8mm; како и нивни комбинации),
brnvdn-krtn1⦁ двослојна хартија во ролна или сечена на формат со дадени димензии,
⦁ картонски кутии класични, штанцани, со различни димензии, квалитети и форми со можност за штампа во 4 бои.
 

Производството е наменето за различни индустриски гранки како на пример за :

⦁ Прехрамбена индустрија,

⦁ Текстилна индустрија,

⦁ Тутунска индустрија,

⦁ Хемиска индустрија,

⦁ Металопреработувачка индустрија,

⦁ Електро индустрија,

⦁ Автомобилска индустрија,

⦁ Земјоделство,

⦁ Индустријата за мебел и др.

 
 
      Нашата компанија има воведено интегриран менаџмент систем за следните стандарди ISO 9001, ISO 14001 и ISO 50001, и имаме инвестирано во најсовремена и лиценцирана опрема (лабораторија) за испитување на различни технички параметри на картонската амбалажа, со што се придонесе за уште попрецизно утврдување и одговор на конкретните барања на нашите купувачи.
 
lab
 
      Друштвото е предводено од стручен менаџерски тим од млади дипломирани економисти, графички и машински инжинери.

tim
Нашето мото е:

Да придонесеме и да бидеме дел од Вашиот успех и развој !