Политика за интегриран менаџмент систем

Политиката за интегриран менаџмент систем на МИСКОМ ДООЕЛ, СТРУГА има функционална вредност во рамките на вкупната политика, стратегија, и контекстот на организацијата заради обезбедување на производите и услугите кои им ги испорачува на клиентите, во целост да ги исполнуваат нивните искажани реални барања и да бидат со важечките законски прописи, како и национални и меѓународни стандарди ISO 9001, ISO 14001 и ISO 50001.

Насоченоста кон потребите на клиентите и задоволството на клиентите од извршената работа се најважните вредности според кои МИСКОМ ја мери и ја одредува својата вкупна успешност.

За постигнување, одржување и зајакнување на тие вредности, трајно се обврзуваме:

  • На клиентите да им нудиме најоптимални и целосни решенија кои во целост ги подржуваат нивните барања и потреби
  • Да набавуваме современи материјали и опрема за обезбедување на стандарден и гарантиран квалитет
  • Да негуваме и развиваме партнерски односи со добавувачите
  • Да вработуваме стручен и амбициозен персонал кој ќе има можност и обврска постојано да се развива и усовршува
  • Да внимаваме на животната средина, намалувајќи ја потрошувачката на ресурси и количината на отпад кој се одлага во животната средина и да го рециклираме технолошкиот отпад
  • Да ја одржуваме и подобруваме инфраструктурата за непречена, безбедна и пријатна работа
  • Да се стремиме кон светските трендови и достапни техники за намалување на ризикот од несреќи
  • Да ја зголемуваме енергетската ефикасност на опремата и објектите
  • Да поставуваме амбициозни, мерливи и остварливи цели за квалитетот, животната средина, енергетската ефикасност како и заштита на здравјето и безбедноста на вработените
  • Да ја подобруваме ефикасноста на интегрираниот менаџмент систем втемелен на барањата на меѓународните норми ISO 9001, ISO 14001, ISO 50001 и да тежнееме кон надминување на висината на тие барања
  • Да водиме посебна грижа за лицата со посебни потреби со нивно рамноправно вклучување во општествениот живот со тоа што им обезбедуваме  соодветни услови за работа и можност за нивно  осамостојување и себеизразување

Секој вработен во компанијата треба да биде запознат со политиката за интегриран менаџмент систем, да ја сфати, прифати и почитува како трајно начело во сопственото работење.